Поврзете се со нас

Германија

Борусија договорила голем талент од редовите на Волфзбург

Објавено

на

Борусија Дортмунд успеала да се договори со Волфзбург за трансфер на еден од најдобрите играчи во редовите на „волците“ и наскоро се очекува официјализирање на трансферот.

Се работи за Феликс Нмеча, еден од фудбалерите кои се сметаат и за иднина на германската репрезентација, а во Дортмунд ќе се пресели на 22-годишна возраст.

Самиот Нмеча одамна има договор за личните услови со „милионерите“, а сега и Волфзбург дал зелено светло за реализација на трансферот, на кој ќе му претходат и задолжителните лекарски прегледи.

Борусија ќе издвои околу 30 милиони евра за овој фудбалер, со што Волфзбург си обезбеди солидна заработка, нешто што во минатото го правеше уште подобро со трансфери на фудбалери како Де Брујне, Џеко, Дракслер, Шурле и други.

Дека се работи за профитабилен потег на Волфзбург покажува и фактот што „волците“ го доведoа Нмеча од Манчестер Сити за само 350.000 евра.

Неговиот постар брат Лукас, исто така е член на Волфзбург, а Феликс и покрај тоа што израснал во Англија, се одлучи да настапува за германската репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни