Поврзете се со нас

Германија

Борусија без двајца важни играчи го дочекува дербито со Баерн

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Борусија Дортмунд денес му гостува на Баерн Минхен во големото германско дерби, а тренерот Един Терзиќ остана без еден од најважните играчи за овој натпревар.

Холандскиот репрезентативец Донјел Мален е повреден и нема да биде во комбинација за дербито со Баерн, а повредата ја заработил за време на настапот за својата репрезентација на дуелот со Германија.

Мален сезонава постигна 11 гола за Борусија и е најдобар стрелец заедно со Фулкруг, кој има повеќе асистенции од Холанѓанецот.

Борусија нема да смета ниту на голманот Грегор Кобел, додека Терзиќ им потврдил на новинарите дека повредата на Рами Бенсебаини е посериозна и за него сезоната е очигледно завршена.

Дербито се игра денеска од 18:30 часот, а Борусија има десет бода помалку од Баерн и бод повеќе од петтопласираниот РБ Лајпциг.

Кејн ќе биде подготвен за дербито, Тухел потврди кои четворица играчи нема да настапат за Баерн

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни