Поврзете се со нас

Германија

Кејн ќе биде подготвен за дербито, Тухел потврди кои четворица играчи нема да настапат за Баерн

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Хари Кејн ги пропушти пријателските натпревари на англиската репрезентација со Бразил и Белгија, но ќе биде подготвен за бундеслигашкото дерби викендов.

Баерн Минхен го пречекува големиот ривал Борусија Дортмунд, а денеска станало јасно дека најдобриот стрелец ќе биде во комбинација и голема опасност пред голот на „милионерите“.

– Хари тренира со соиграчите и се чувствува добро. Се е во ред со него и ќе може да игра со Борусија, – рекол Томас Тухел.

Тренерот на Баварците истовремено потврдил дека на голот ќе го нема искусниот Мануел Нојер, а за настап не се подготвени и Павловиќ, Гереиро и Бои, потврдил Тухел. Од друга страна Баерн ќе смета на Кингсли Коман и Серж Гнабри.

– Коман е многу важен фактор за нас и добро е што ќе биде во составот. Гнабри исто така ќе биде подготвен, тоа се двајца многу важни фудбалери за нас, – истакнал тренерот на Баварците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни