Поврзете се со нас

Балкан

БиХ бара нов селектор: Хаџибегиќ отпуштен по поразот од Луксембург

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/NFSBiH

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина доживеа неочекуван пораз од Луксембург, а тоа го чинеше и селекторско место некогашниот југословенски репрезентативец, Фарук Хаџибегиќ.

Самиот Хаџибегиќ одби да поднесе оставка по непријатниот резултат во квалификациите за ЕП 2024, но федерацијата денеска му врачила отказ.

65-годишниот Хаџибегиќ доживеа три порази на четири натпревари откако беше промовиран за селектор, па заминува со навистина сериозен негативен ефект од досегашната позиција.

Фудбалскиот сојуз на БиХ денеска објави дека договорот со селекторот е спогодбено раскинат, но јасно е дека челниците на сојузот решиле да направат промена по последните резултати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни