Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона и Атлетико конечно си подале рака за трансферот на Гризман

Објавено

на

Францускиот репрезентативец, Антоан Гризман и дефинитивно ќе биде нов член на шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид.

Гризман од минатата година е на позајмица во „колчонеросите“, позајмица која требаше да донесе перманентен негов трансфер на „Ванда Метрополитано“ за сума од 40 милиони евра. Меѓутоа двата клуба имаа различни ставови за тоа дали условите се исполнети, односно дали е активирана клаузулата, па Атлетико почна на најголемиот дел од средбите да го употребува напаѓачот по 60 минута.

На крајот двете страни седнаа на маса и според шпанските медиуми си подале рака за комплетирање на зделката за 20 милиони евра, плус уште 4 милиони евра во бонуси. Со ова ќе се стави крај на драмата, проблемите како за играчот, тренерот Диего Симеоне, а пак Барселона од друга страна конечно ќе се ослободи од офанзивецот кој беше скапо платен, но не ги оправда очекуваата.

Се очекува трансферот да биде потврден наредната седмица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни