Европски првенства
Барела: Постојано преовладуваше едно чувство додека играв против Македонија

Николо Барела е стандарден член на италијанската репрезентација и беше стартер на натпреврот во Рим кој се одигра пред два дена, дуел на кој „аѕурите“ остварија убедлив триумф над Македонија од 5:2, а членот на Интер запиша две асистенции.
Овој резултат им овозможи на Италијанците на најдобар можен начин да се подготвуваат за клучниот дуел со Украина, на кој сега доволно ќе им биде и реми за да се пласираат на Европското првенство.
Барела вели дека мечот против нашата селекција бил извонредна подготовка за тоа што следи, бидејќи тој во ниту еден момент не се посомневал во победата, дури и во ситуација кога Македонија намали на 3:2.
– Јас бев на теренот и во ниту еден момент не почувствував потешкотија против Македонија. Примивме два гола, но првиот беше од корнер, а вториот од одбиена топка откако лесно ме издриблаа.
– Има ситуации во кои мора да се подобриме и на највисоко ниво скапо се плаќаат грешките, но за време на мечот со Македонија, постојано чувствував дека победуваме. Реакцијата од цел тим беше добра, наместо да се браниме, сакавме да постигнеме гол повеќе и на крајот успеавме во тоа.
– Сега следи клучниот меч со Украина, свесни сме за нивните квалитети. Но, наша цел е да ја браниме титулата на Европското првенство која заслужено ја освоивме. За да го направиме тоа, мора да победиме на вакви тешки натпревари. Знаеме дека два резултати ни одат во прилог, но ќе излеземе со мисла да го „убиеме“ мечот и потоа да изменаџираме најдобро што можеме, – изјави Барела.
-
Македонијапред 24 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Германијапред 16 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Италијапред 23 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Шпанијапред 17 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 15 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Европски првенствапред 21 час
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Шпанијапред 17 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Светпред 15 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)