Поврзете се со нас

Англија

Арсенал ангажираше 4-годишен фудбалер

Објавено

на

Фудбалската академија на Арсенал е засилена со Заин Али Салман, фудбалер кој го сврте вниманието на медиумите поради својата возраст, односно фактот што има само четири години.

Иако е премал за да биде дел од категориите во академијата, Арсенал има договор со неговото семејство за тој да биде дел од фудбалското училиште на лондонскиот клуб и да продолжува да напредува под мониторинг на „топчиите“.

Малиот Заин ги воодушевил тренерите во фудбалската академија во која тренирал и играл натпревари со своите врсници, па не е изненадување што информацијата стигнала до Арсенал, чиј предводник на академијата, Пер Мертесакер се уверил во потенцијалот на момчето.

Али Салман е најмладиот фудбалер кој потпишал договор со академијата на Арсенал, а премиерлигашот се надева дека неговите квалитети ќе бидат потврдени и низ годините и растот низ младинските категории.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zayn Ali (@zaynalisalman)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни