Поврзете се со нас

Англија

Арнолд ја ископира незаборавната техника на Роберто Карлос и за малку ќе го постигнеше голот на сезоната (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул и Њукасл одиграа френетично второ полувреме во кое видовме дури шест гола, а во таква поставеност на теренот и во ситуација кога не се мислеше многу на одбрана, поефикасни беа играчите во црвено.

Домашниот тим победи со 4:2 и изби сам на врвот на табелата во Премиер лигата со три бода повеќе од Астон Вила, што дефинитивно беше најдобро можно отворање на новата 2024-та година.

Мо Салах со своите два гола го одбележа мечот и сега полека ќе може да почне да се насочува на Африканскиот Куп на нации, но покрај голеадата која се виде во вторите 45 минути, оваа средба понуди и една специфична ситуација во првиот дел.

Трент Александер Арнолд со години наназад е еден од најдобрите офанзивни бекови во светот, а вчера за малку ќе го постигнеше најубавиот гол во кариерата.

Дефанзивецот ја ископира незаборавната техника на Роберто Карлос и само дирекот спречи да го видиме голот на годината уште во првиот дел од 2024-та, па слободно може да се каже дека вистинска штета е што топката не заврши зад грбот на Дубравка.

Легендарниот Бразилец изведе иста техника на меч против Тенерифе во 1998-ма година и постигна страшен гол, а постарите фанови брзо се потсетија на истиот по обидот кој го имаше Трент.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни