Поврзете се со нас

Европски првенства

Ангеловски пред дебито на Македонија на големите натпреварувања: Вие сте моите херои, оваа бајка…(ФОТО)

Објавено

на

Македонската репрезентација денеска од 18 часот се соочува со Австрија во Букурешт во мечот кој ќе биде наш историски, дебитански на најголемата сцена или поточно Европското првенство.

Оваа генерација испиша нова страница и сега едноставно ќе треба на свој начин со квалитетна, пожртвувана игра да ја заокружи приказната со мечевите против Австрија, Украина и Холандија во групата Ц.

Лидер на националциот тим дефинитвно е селекторот Игор Ангеловски кој пред денешниот предизвик испрати емотивна порака на социјалните мрежи.

-Овие херои се изборија за почитта на секој граѓанин на Македонија денес да се чувствува гордо. Денес цел свет ќе застане во честа на македонската химна. Вие сте моите херои и оваа бајка ќе ја паметам до крајот на животот. Му благодарам на нашиот народ без разлика на вера и нација. Дечки Ви благодарам и Ве сакам, одиме по историја“, гласи пораката на популарниот Мрме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни