Лига на шампиони
Ангеловски: Кил е најдобриот тим на светот, со толку технички грешки…
Екипата на Еурофарм Пелистер доживеа пораз во уште еден меч во Лигата на шампионите, овојпат на гостувањето во Германија кај Кил со резултат 29:23.
„Зебрите“ беа апсолутни фаворити и тоа го потврдија на теренот каде прашањето околу победникот го решија уште во првиот дел во кој се стекнаа со предност од девет голови (19-10), па вториот дел беше чиста рутина, заокружување на работата.
Тренерот Бранислав Ангеловски не е задоволен од настапот на неговите играчи или поточно од играта во првите 30 минути во кои беа направени некои потези, грешки кои тим како Кил кој е меѓу најсериозните кандидати за титулата знае и тоа како да ги искористи.
-Игравме против најдобриот тим во светот. Знавме колку е моќен овој тим. Не сум задоволен од нашата игра во првото полувреме, имавме многу технички грешки, а со Кил не се дозволени такви грешки. Во второто полувреме одигравме далеку подобро, Лесјак беше на повисоко ниво, но јасно е дека тоа не може да биде доволно за позитивен резултат. Честитки до Кил и му посакувам да ја освои титулата во ЛШ затоа што тоа го заслужува, -истакна Ангеловски.
Наредниот меч за „фармацевтите“ во елитната конкуренција е против дански Алборг.
-
Англијапред 21 час
Мегваер го откри ставот на играчите на Јунајтед за менаџерот Тен Хаг
-
Англијапред 17 часа
Гулит: Зиркзе направи грешка, требаше да се пресели…
-
Конференциска лигапред 21 час
Чурлинов по голот за победа на Јагелонија: Не знам дали ќе можам да спијам вечерва
-
Лига на шампионипред 21 час
Миовски по дебито во ЛШ: Ми се оствари сонот, но за жал…
-
Англијапред 19 часа
Кол за статусот на Тен Хаг во Јунајтед: Ќе бидам изненаден…
-
АТПпред 12 часа
Виландер: Ѓоковиќ е посебно човечко суштество, но може ли да биде добар…
-
Италијапред 20 часа
Ди Канио: Ова се бара од Влаховиќ…
-
Англијапред 17 часа
Барселона и Атлетико во трка за големиот борец на Арсенал