Поврзете се со нас

Македонија

Ангел Петрушев е прогласен за најдобар македонски кајакар за 2022 година

Објавено

на

Кајакарската федерација на Македонија ги прогласи најдобрите во повеќе категории за 2022 година, а најпрестижната награда „Кајакар на годината“ ја доби Ангел Петрушев.

На вчерашната церемонија, КФМ им ги доделила признанијата на најдобрите, а Петрушев добил и парична награда од 150.000 денари.

Петрушев го заслужил признанието со освоено 2-место на 53. Илинденски кајак слалом ИКАС 2022, 36 –место на Светски куп за Сениори во Краков, 19. место на Светско првенство во кајак слалом за Јуниори во Ивреа и 4. место на Европско Јуниорско првенство во кајак слалом на диви води во Чешка.

Останатите награди се доделени во трите дисцилини кои се актуелни во кајакарскиот спорт:

– За најнадежен млад кајакар во дисциплината кајак спуст на дива вода е прогласен Благој Гугунов од Кајак Кану Клуб Арка Борец Велес. За најдобар млад кајакар во дисциплината спуст е прогласен Кристијан Лазаров додека за најдобар кајакар во спуст-спринт е прогласен Аслександар Златаров. Плакетата за најдобар кајакар во спуст-класик ја доби Љубомир Спасиќ и најдобар тренер во оваа дисциплина е Љубомир Спасиќ ККК Арка Борец Велес.

– Во дисциплината кајак спринт на мирна вода за надежна млада кајакарка е прогласена Јана Патче од ККК Црн Дрим од Струга. Плакета за најнадежен млад кајакар во дисциплината спринт доби Слободан Попоски, за најдобар кајакар во оваа дисциплина е прогласен Никола Малески ККК Радика- Дебар, додека за најнадежен млад кајакар е прогласен Јован Циркоски ККК Дрим Струга. Најдобар тренер во оваа дисциплина е прогласен Радован Поповски ККК Стрмец Охрид.

– Во дисциплината кајак слалом на дива вода, плакета за најнадежен млад кајакар доби Христијан Смилев Кајакарски клуб Бабуна Велес. За најдобар млад кајакар беше прогласен Стефан Рибарски, за најдобра кајакарка пак е прогласена Олгица Мелова ККК Просек Демир Капија. Најдобар кајакар во оваа дисциплина е Ангел Петрушев , додека за најдобар тренер е прогласен Димче Стефановски ККК Вардар Велес.

На оваа манифестација беа доделени благодарници за ветераните во овој спорт, Илија Младеновски, Ивица Крстиќ ,Трајко Ангеловски и Перо Доновски како и за Агенцијата за Млади и спорт и Олимпискиот комитет на С. Македонија за посебен придонес во реализација и афирмација на кајкарскиот спорт во Репубика С. Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни