Поврзете се со нас

Евролига

Анчелоти, Винисиус и Дончиќ не останаа рамнодушни на кошаркарската историја која ја направи Реал со Партизан (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RMBaloncesto

Реал Мадрид е поим за успех на европската сцена во фудбалот, но овој тренд полека се префрла и во кошаркарата, каде тимот на Чус Матео во четвртфиналната серија доби од духот на фудбалскиот тим кој лани правеше чуда во Лигата на шампионите.

„Кралевите“ имаа негатива од 2:0 по првите два дуели со Партизан во шпанската престолнина и сите ги отпишаа откако никој не се вратил во Евролигата после два загубени меча, но сепак момците на Матео го направија невозможното, и тоа со вклучен неверојатен пресврт во „мајсторката“.

Откако Реал одговори со две победи во Белград и израмни на 2:2, изгледаше многу лошо во првите три четвртини, но успеа да се врати од „минус 18“ и на крајот да оствари неверојатен пресврт за победа и пласман на фајнал-форот.

Винисиус Жуниор беше во салата и во живо го славеше успехот на колегите кошаркари од Реал, но потоа на социјалните мрежи му се придружија и Карло Анчелоти и Лука Дончиќ.

– Ништо не е невозможно за оној кој е мадридиста, – порача Вини.

– Фудбал или кошарка, сеедно: Реал Мадрид никогаш не се предава. Честитки Чус и Реал Мадрид, – гласи објавата на Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни