Светски првенства
Анализа на Меси: Го посочи најголемото разочарување и трите тима кои се поголеми фаворити за титулата на СП
Аргентина се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство со тесната победа над Австралија од 2:1, натпревар кој ќе остане запаметен по извонредната симултанка на Лионел Меси.
Капитенот на „гаучосите“ имаше неверојатно добар натпревар и нудеше шанси со кои тој и соиграчите можеа да имаат многу помирна завршница, но откако не се случи тоа, на спротивната страна извонреден беше и Емилијано Мартинез кој спречи гол за 2:2 во судиското продолжение.
Аргентинците еуфорично го славеа пласманот меѓу осумте најдобри селекции со своите френетични фанови на трибините, а Меси по мечот направил и мала анализа на досега виденото на мундијалот во Катар.
– Не можеме да криеме, ние сме една од селекциите кои се кандидати за титулата. Го гледаме мундијалот, ги гледаме сите натпревари кои можеме. Аргентина е светска сила и секогаш сме меѓу најдобрите. Знаевме дека сме кандидати, но мора да го докажеме тоа и на теренот. Сепак, Бразил останува еден од најголемите фаворити и покрај поразот од Камерун, тука истото важи и за Франција, а секако и Шпанија. Тие знаат на што играат и ќе биде многу тешко да се победат, – изјави Меси и го посочил и најголемото разочарување.
– Навистина останав изненаден што Германија доживеа елиминација уште во групата. Имаа многу добри играчи во тимот и тоа е млада селекција која секогаш е меѓу најдобрите на мундијалите. Изненадувачки е што ги нема после првата рунда, но тоа само докажува колку е тешко да се игра на Светско првенство. Веќе не важи името на селекцијата, туку она што го остварувате на теренот. Секој нареден мундијал е поизедначен и потежок, – вели Меси за „Марка“.
-
НБА14 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија7 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Италија9 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
Шпанија11 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
НБА14 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
АТП8 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Шпанија15 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
Италија3 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)