Поврзете се со нас

АТП

Алкарас: Целта е да бидам што поблиску до Ѓоковиќ

Објавено

на

Карлос Алкарас не успеа да дојде до посакуваната цел, титула на турнирот во Пекинг каде во полуфиналето беше совладан од Јаник Синер со 2-0 во сетови.

Овој резултат не беше во планот на Шпанецот кој посакуваше со триумф дополнително да му се доближи на Новак Ѓоковиќ во трката за првото место на АТП листата.

Алкарас сега ќе мора да се фокусира на другите настани и да се обиде да дојде до значајни резултати, ама во исто време како да е свесен дека тешко може да го загрози Ноле до крајот на годината, па порача дека ќе се обиде да биде блиску до него.

-Ќе се обидеме да работиме добро, да бидеме што поблиску до Ѓоковиќ, нашата цел, -порача Карлос по поразот во Пекинг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни