Поврзете се со нас

Англија

Алардајс лут на судиите: Дел од клучните одлуки на Дин беа погрешни

Објавено

на

Вест Бромвич Албион следната сезона нема да игра во Премиер лигата, но денеска го намачи фаворитот Ливерпул, кој се спаси од непланирано губење бодови со атрактивниот погодок на својот голман Алисон.

Но, менаџерот на ВБА, Сем Алардајс, смета дека гостите профитирале од неколку контроверзни одлуки на судијата Мајк Дин и неговите помошници во ВАР собата.

– Не сакавме да останеме без резултат поради судиски одлуки, а излезе дека две такви одлуки директно влијаеја на резултатот.

– За првиот гол судијата требаше да ја потфрла топката, а не да досуди слободен удар, неверојатно е искусен судија да не ги познава правилата.

– Потоа и голот кој го постигнавме беше поништен, чисти глупости се дека нашиот фудбалер му пречел на голманот затоа што беше одалечен два и пол метри. Тоа е смешна одлука посебно кога располагаш со ВАР. Реков пред натпреварот дека ќе ни треба среќа, ќе треба да одиграме одлично и да не добиеме одлука на судиите против нас, но се случи ова последното, – изјавил Биг Сем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни