Поврзете се со нас

Германија

Ајнтрахт ја завршува соработката со тренерот Гласнер

Објавено

на

Бундеслигашот Ајнтрахт ќе има нов тренер следната сезона, – објави денеска „Билд“.

Оливер Гласнер ќе го напушти составот од Франкфурт по неколку години, а причината може да се бара во недоразбирањата на релација со раководството, но веројатно и интересот за овој тренер од други клубови.

Гласнер дојде во Ајнтрахт во 2021 година и го одведе германскиот тим до победа во Лига Европа, но сезонава тимот разочара со својот пласман во домашното првенство.

Финалето во купот против РБ Лајпциг е единствен начин да избори место во европските купови, а тој дуел ќе биде и последниот на кој Гласнер ќе го води овој тим пред своето заминување на одмор или друга средина.

Тренерот влезе во конфликт со неколку новинари по последниот црвен картон на дуелот со Хофенхајм, а тоа само го забрзало процесот на разделба меѓу двете страни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни