Поврзете се со нас

Англија

Агентот на фудбалер за кого се интересираат Челси и Ливерпул: Тоа е нормално

Објавено

на

Според медиумите на Островот, Челси и Ливерпул се меѓу тимовите кои одблиску ги следат настапите на фудбалерот на Порто, Луис Дијаз.

И двата англиски клуба размислуваат да влезат во преговори со Порто за ангажман на Дијаз уште во зимскиот преоден рок, а потоа да го отстапат играчот и следните шест месеци на клубот во кој во моментов настапува.

Дека има интерес не негираше агентот на фудбалерот кој во интервју за „Радио Ренесанса“ изјави дека е нормално што најголемите екипи се интересираат за еден од најдобрите фудбалери од португалскиот шампионат.

– Гласините за интересот на Челси и Ливерпул? Нормални се. Ако некој играч игра добро, ако се издвојува од останатите, ако повеќето го сметаат за најдобар играч во лигата, тогаш тој интерес е нормален, -изјави агентот на фудбалерот.

Луис Дијаз игра на левокрилната офанзивна позиција во Порто и во досегашниот дел од сезоната на 16 натпревари веќе запишал 11 погодоци и две асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни