Поврзете се со нас

АБА лига

АБА драма: Митровиќ извлече продолжение, судиската одлука ги збуни фановите (Видео)

Објавено

на

Кошаркарското дерби меѓу Цедевита и Црвена Звезда беше решено по продолжение и со победа на домашниот тим, со што ќе се игра мајсторка во оваа серија од АБА лигата.

Но, она што ја засенува победата на словенечкиот претставник е контроверзниот момент од финишот на регуларните четириесет минути на средбата.

Лука Митровиќ беше фаулиран пред истекот на времето и во ситуација кога „црвено-белите“ имаа три поена негатива, а иако подоцна и шутираше и поентираше, судиите му ги признаа поените и му доделија дополнително слободно фрлање.

Митровиќ го одведе дуелот во продолжение, Црвена Звезда подоцна загуби, но долго ќе се зборува за одлуката на судиите, кои по прегледувањето на снимката се одлучија за 2+1 во корист на гостите. Дури и најдобрите познавачи на играта беа збунети од ваквата одлука и нејасно е дали судиите биле во право.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни