Поврзете се со нас

Млади спортисти

Македонски ракометен талент: Матео Јанчев напредува експресно во швајцарски Берн

Објавено

на

Македонија одамна потврдува дека е земја со сериозен ракометен потенцијал, а големиот број ракометни школи дополнително го зголемуваат „расадникот“ од кој очекуваме успешни генерации и во иднина.

Клупските успеси на двократниот европски шампион Вардар се посебна мотивација за најмладите, а Матео Јанчев е талентиран македонски ракометар кој го носеше „црвено-црниот“ дрес, пред од оправдани причини, порано од очекуваното да ја започне интернационалната кариера.

Јанчев (16 години) игра на позицијата пикер, а одговорните во швајцарскиот прволигаш Берн експресно го детектираа неговиот талент, па Матео веќе стигна до У-19 тимот на Берн. Со оглед на тоа што Јанчев е потенцијален репрезентативец уште во младинските категории и посебно се издвојува со играта во одбрана, „Дерби“ директно доби информација за тоа како стигнал до редовите на Берн и што може да се очекува во неговата кариера.

– Започнав да играм ракомет на 12-годишна возраст во ракометниот клуб РК Илинден, по што ракометот од хоби, премина во желба да се занимавам поинтензивно и професионално со овој спорт. После една година успешни игри во РК Илинден бев селектиран во редовите на РК Вардар, во екипата под водство на Андријана Будимир. Тука останав две години каде што се стекнав со моето најголемо ракометно искуство, кое што беше проследeно со тешка и напорна работа и донесе многу освоени турнири и првенства.

 

– По преселбата на моето семејство во Швајцарија, бев принуден да ја напуштам мојата прва љубов РК Вардар и да ја продолжам мојата ракометна кариера во некој тамошен клуб. На мое големо задоволство, по успешната проба во БСВ Берн, веднаш бев примен во клубот, каде што по само неколку тренинзи бев префрлен во три години постара генерација „U19 Elite“. Тука успешно настапувам и напредувам со надеж дека еден ден ќе ги бранам боите на нашата репрезентација, – вели Јанчев кој уште отсега поради својот потенцијал настапува во повозрасна категорија.

За време на настапите во Вардар, генерацијата 2002/03 како пионерска немала свој собир, а по заминувањето на Јанчев оваа пролет биле прв пат собрани за настап на меѓународен турнир во Унгарија.  Сонот на Јанчев е да започне со своите врсници во репрезентацијата на Македонија и да го даде својот придонес за татковината преку ракометната игра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни