Поврзете се со нас

АТП

Жозе како секој обичен тениски фан: Мурињо побара автограм од Ѓоковиќ (Фото+Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо вчера имаше специјална вечер во Рим и уживаше во победата на неговата Рома над Баер Леверкузен, од која посебно ги издвои страста на неговите фудбалери, но и атмосферата која ја создадоа навивачите пред и за време на средбата.

Еден ден подоцна, „специјалниот“ реши да се релаксира со екстра квалитетен тенис на АТП Мастерсот во Рим, а денеска имаше можност да го гледа својот омилен тенисер.

Мурињо во повеќе наврати има порачано дека ужива да го гледа Новак Ѓоковиќ, со кого денеска режирал и два интересни моменти, најпрво за да му посака среќа, а потоа и по мечот.

Србинот ја мина втората рунда во Рим и потешко од очекувањата го надигра Аргентинецот Мартин Ечевери, но по емотивното интервју кое го даде по победата, издвоил време и за тренерот на Рома.

Официјалниот профил на Мастерсот во Рим откри дека Мурињо реагирал како секој обичен тениски фан по изгледаниот меч, па побарал автограм од најдобриот тенисер во светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни