Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Занети за незаборавното полуфинале со Барса: Меси не беше мојата единствена грижа

Објавено

на

Хавиер Занети ја извршува функцијата на потпретседател во Интер, клуб во кој ја мина цела играчка кариера во Европа и во кој доби статус на вистинска легенда поради сето она што го придонесе.

Занети ќе остане запаметен како еден од најдобрите десни бекови во поновата историја на фудбалот, а од сите титули кои ги освои со Интер, најспецијална е онаа од 2010-та година кога италијанскиот тим стигна до толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите.

Интер во големото финале на „Бернабеу“ го победи Баерн Минхен, но според Занети, посебен печат оставило полуфиналето во кое тимот на Мурињо ја елиминираше моќната Барселона.

– Во фудбалот треба да ви се поклопат коцките, решаваат ситни детали и имавме проблеми во групата. Направивме пресврт и стигнавме до полуфинале против Барселона. Тоа беше најдобриот тим во светот. Зборуваме за Чави, Иниеста, Меси, Бускетс и Пике, но сите имаа 10 години помалку. Замислете колку беше силна таа Барселона. Победивме како домаќините и на вториот меч сите збореа за тоа колку бевме дефанзивни, но ние всушност докажавме дека сакаме да ја освоиме титулата и со играч помалку. Рано го загубивме Тиаго Мота поради црвен картон и го одигравме цел меч со играч помалку.

– Имав двоен предизвик на тој натпревар, имав нависитна тешка улога бидејќи требаше да го чувам Меси. Имав двојни главоболки поради тоа што ако добиев жолт картон, ќе го пропуштев финалето во Лигата на шампионите. Поради тоа, морав да бидам повеќе концентриран. Не само на Меси, туку и да не направам прекршок кој ќе ме чини опомена и кој ќе ме остави без финале. На крајот се излезе како што планиравме, Мурињо е многу интелигентен и не подготви за секој детаљ, – вели Занети во интервјуто за „АС“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни