Поврзете се со нас

Европски првенства

Вардар ќе игра во Европа, Алкалоид доби директно место во групната фаза на ЕЛ

Објавено

на

Екипата на Вардар 1961 па пауза од една година се враќа на европската сцена и ќе игра квалифиакции за пласман во групната фаза на Европската лига.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека „црвено-црните“ ќе добијат шанса за настап во ова натпреварување во кое пак директно место во групите има нашиот вицешампион Алкалоид.

„Црвено-црните“ се во друштво на Тримо Требње, Констанца, Хановер, Акваш Санташ, додека во другиот шешир се Рајн Некар Левен, Гранољерс, Брага, Винтертур, Истад.

Ждрепката за квалификаците е закажана за 18 јули во Виена, а мечевите ќе се играат во периодот од 26-27 август и 2-3 септември.

Ждрепката за групната фаза ќе се одржи на 21 јули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни