Поврзете се со нас

Македонија

Вардар и Пелистер остварија тешки победи на турнирот во Струга

Објавено

на

Најдобрите македонски ракометни колективи Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер остварија тешки победи на првиот ден на  јубилејниот 50-ти турнир што се одржува во Струга.

Пелистер прв ја оправда улогата на фаворит откако со 27-23 славеше над домаќинот на овој турнир. Клубот од Битола во самата завршница го скрши отпорот на Струга и со тоа го започна турнирот на псакуваниот начин.

Вардар пак беше подобар од Алкалоид со 24-22. Новиот прволигаш предводен од Кирил Лазаров се покажа како жилав противник и „црвено-црните“ мораа добро да се испотат за да дојдат до триумф.

Голема улога во тоа одигра голманот Томовски со 15 одбрани, ама одличен на спротивната страна беше и Трајковски со 14 интервенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни