Поврзете се со нас

Свет

Ван Гал со бурна изјава: Беше наместено Меси да освои светска титула!

Објавено

на

Foto:twitter.com/OnsOranje

Луи Ван Гал ја заврши својата последна етапа како холандски селектор на Светското првенство кое се одигра во Катар, на кое националниот тим на „лалињата“ стигна до четвртфиналето.

Во еден луд и тензичен натпревар, Аргентина на крајот славеше во пенал рулетот и потоа стигна до толку посакуваната мундијалска титула, но девет месеци по овој настан, Ван Гал ги разгорува жариштетот кое владее меѓу двете репрезентации од тој ден.

Екс селекторот на „лалињата“ во своето најново обраќање даде една остра изјава за Лео Меси и Аргентинците, со која експресно предизвика внимание во цела спортска јавност.

– Не сакам да зборувам многу за Светското првенство. Кога ќе видите како Аргентина постигнуваше голови и како победуваше, кога ќе видите како не беа казнувани за груби потези од нивните играчи, тогаш сфаќате дека тоа се правело со предумисла.

– Што мислам со ова што го кажав? Го мислам тоа што го кажувам. Дали беше наместено Меси да стане светски шампион? Мислам дека да, – вели Ван Гал во интервјуто за „НОС“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни