Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА ќе им забрани настап на невакцинираните фудбалери во европските купови

Објавено

на

Европската фудбалска федерација имала онлајн состанок со клубовите учесници во следната фаза од европските купови, а главната вест од истиот е дека следува забрана за настап за невакцинираните фудбалери.

Српските медиуми утринава ја пренесоа изјавата на генералниот директор на Партизан, Милош Вазура, кој учествувал на состанокот и го пренел најважниот заклучок.

– Добивме насоки од УЕФА дека ПСР тестовите или медицинското изземање ќе важат само уште во првата нокаут фаза од Конференциската лига.

– Потоа, фудбалерите кои не се вакцинирани нема да можат да настапуваат во Европа, односно во натпреварувањата на УЕФА, – изјавил Вазура.

УЕФА дополнително ќе ја информира јавноста за својата одлука, но очигледно е дека донела решение и тоа ќе важи за сите клубови кои ќе учествуваат во следните фази од трите европски купови.

Дополнителен проблем ќе биде непризнавањето на некои вакцини во одредени земји, но во тој случај клубовите со соодветна документација ќе можат да побараат дозвола за влез во земјата на одредени фудбалери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни