Поврзете се со нас

Балкан

Тричковски стрелаше против Јаневски и Здравковски на Кипар (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: https://www.facebook.com/AEKLARNACAOFFICIAL

Поранешниот македонски репрезентативец, Иван Тричковски ја затресе мрежата на АЕЛ Лимасол на Чедомир Јаневски и Давор Здравковски во мечот од 24.коло од првата лига на Кипар.

Тричковски го реализираше ударот од 11 метри во 42 минута, ама истиот не беше доволен за поволен резултат на неговиот АЕК Ларнака на ова гостување. Имено Јаневски и Здравковски славеа со 2-1, поточно направија големо изненадување на овој меч.

Ова за Иван беше шести лигашки погодок. АЕК Ларнака е на 1 место на табелата, АЕЛ Лимасол е на 8 позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни