Поврзете се со нас

Македонија

Супер засилување пристигнува во Битола: Словенечки репрезентативец на голот на Пелистер

Објавено

на

Амбициозниот битолски клуб, Еурофарм Пелистер договори уште едно супер засилување кое во Битола ќе пристигне следната сезона.

Нов голман на пелистерци ќе биде словенечкиот репрезентативец и член на Хановер, Урбан Лесјак.

Искусниот 31 годишен голман потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер и од следната сезона ќе биде меѓу стативите на клубот кој сака да остави поголема трага и на европска, но и на домашна сцена.

Лесјак е редовен словенечки репрезентативец, а најголем репрезентативен успех постигна во 2017 година кога со Словенија го освои третото место на Светското првенство ов Франција.

Како што стојат работите, моменталниот голман на Пелистер, Мартон Секељ веројатно ќе си замине од клубот по крајот на сезоната. Уште пред извесен период унгарскиот репрезентативец потврди дека има понуда од ППД Загреб и дека се уште не донел одлука дали ќе ја прифати.

Во тимот се очекува да остане младиот македонски чувар на мрежата, Марко Кизиќ кој повторно ќе биде резервна опција во битолскиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни