Поврзете се со нас

Репрезентација

Супер полувреме во Ереван, Македонија има предност од два гола (Видео)

Објавено

на

Репрезентацијата на Македонија одигра одлични први 45. минути на гостувањето во Ереван против селекцијата на Ерменија.

Избраниците на Благоја Милевски во натпреварот кој може да значи многу за нас имаат солидна предност од 2:0 по првото полувреме, а може да жалат што резултатот не беше уште поубедлив.

„Рисовите“ поведоа со голот на Александар Трајковски кој во 22. минута го искористи додавањето на Ашковски и го отвори резултатот.

Во 36. минута, капитенот на денешната средба, Енис Барди со убав удар од дистанца по втор пат го совлада домашниот голман за нова радост на репрезентацијата на Македонија.

Пред крајот на првото полувреме, во 41. минута Трајковски имаше уште една изгледан прилика за погодок, но неговиот удар го скроти Јурченко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни