Поврзете се со нас

Шпанија

Суарез: Никогаш не сум го видел Меси така да плаче

Објавено

на

Лионел Меси и Луис Суарез дадоа многу за Барселона, но и двајцата не се разделија со клубот онака како што заслужуваат поради различни причини.

Суарез беше избришан од тогашниот тренер Роналд Куман за да на крајот заврши во Атлетико Мадрид, додека пак Меси требаше да потпише нов договор, се беше подготвено за да во последен момент клубот добие „црвено светло“, рампа од Ла Лига што дефинитивно донесе земјотрес на „Камп Ноу“ по што Аргентинецот потпиша за ПСЖ.

Тие денови биле тешки како за Суарез така и за Меси и тоа го откри самиот Уругваец кој за ЕСПН порача:

-Болеше и многу страдавме. Дојдовме од елиминацијата во Лигата на шампионите против Баерн Минхен и факсот на Лео, се беше многу комплицирано и болно. Прво, поради начинот на кој се одвиваа работите, а исто така и поради начинот на кој бевме третирани.

-Отидов, се појавив да тренирам и ме испратија сам да работам. Многу страдав и дојдов дома и плачев поради тоа како се однесуваа со мене. Ме повреди, тоа беше и порака дека сакале да го остават Лео сам, да не разделат. Лошо си поминавме. Лео многу страдаше. Никогаш не сум го видел Меси како плаче како што го видов како плаче во Барселона, тоа го повреди. Секогаш ја имав таа неизвесност зошто се случи сето тоа, но тогаш за среќа бев среќен во Атлетико Мадрид, -истакна популарниот „Ел Пистолеро“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни