Поврзете се со нас

АТП

Слатка одмазда: Ѓоковиќ го преслуша Медведев и со уникатна „Коби“ прослава ја одбележа рекордната грен слем титула (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/usopen

Новак Ѓоковиќ се врати на првото место на АТП листата, но што е уште поважно за него, ќе се врати дома со освоен трофеј од Ју-Ес Опен откако во големото финале беше за класа подобар од Данил Медведев.

Русинот му нанесе тежок пораз на Ноле пред две години на истиот терен кога го спречи да стигне до календарски слем, но Србинот сега имаше подготвено подобра тактика и сосема заслужено режираше слатка одмазда.

Ноле го отвори мечот на фуриозен начин, веднаш направи брејк и почна да го диктира темпото, па доста брзо стигна до предност од 1:0 во сетови со резултат 6:3.

Во неговото десетто финале на Артур Еш, Ѓоковиќ најважната работа ја заврши во вториот сет, кога најпрво спасуваше сет топка, а потоа во тајбрејкот славеше со 7:5 и направи клучен исчекор кон победата.

Третиот сет повторно му припадна со 6:3 и стигна до четврта титула во Њујорк, а вкупно 24-ти грен слем трофеј во кариерата со што се израмни на вечната листа со Маргарет Корт.

По големиот триумф, следеше и уникатна прослава на Ѓоковиќ, кој извади маичка со ликот на Коби Брајант за да ја прослави својата 24-та грен слем титула, бројот кој беше симбол за „црната мамба“ во Лејкерс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни