Поврзете се со нас

Англија

Сити има пикирано идеално засилување, ама ќе мора да плати 100 милиони евра

Објавено

на

foto:twitter.com/SofascoreINT

Манчестер Сити имаше перфектна сезона во која дојде до „триплета“ или поточно до титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот.

Меѓутоа од минатото, успесите не се живее, новата сезона набрзо ќе дојде и „граѓаните“ сакаат да го освежат тимот, да додадат свежа крв која ќе помогне да се одржи нивото, односно екипата одново да биде конкурентна се освојување на пехари.

Веќе беше доведен Матео Ковачиќ од Челси, ама сигурно тој нема да биде единствено засилување. Се поврзуваше Сити со Деклан Рајс, се поврзува со Френки Де Јонг од Барселона, но премиерлигашот има друга цел и тоа е ангажман на хрватскиот репрезентативец, Јошко Гвардиол.

-Можам да потврдам дека Гвардиол и неговите агенти не информираа за неговата желба за преселба во Манчестер Сити, -вели директорот на РБ Лајпциг, Макс Еберл.

Наводно Хрватот веќе ги има договорено личните услови, меѓутоа сега следи потешката работка, пронаоѓање на заеднички јазик на двата клуба.

„Биковите“ сакаат фиксни 100 милиони евра, па останува да се види како ќе течат преговорите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни