Поврзете се со нас

Европски првенства

Шведскиот селектор: Не се срамам од бодот, наивен е тој што мисли дека ќе ја надигра Шпанија

Објавено

на

Шведска успеа да се одбрани од нападите на шпанската репрезентација во Севилја и го започна настапот на Европското првенство со значаен бод во дуелот со фаворизираниот противник.

Швеѓаните имаа можност и први да поведат, а на крајот го издржаа силниот притисок на избраниците на Луис Енрике, кој не успеа да профитира ниту од промените во составот.

Селекторот Јане Андерсон по натпреварот најискрено го коментирал епилогот, не криејќи дека е задоволен од ремито.

– Ако дојдете овде и играте против Шпанија на температура од 32 степени и мислите дека можете да ги надиграте, тогаш мора навистина да сте наивен.

– Воопшто не сум засрамен од начинот на кој го освоивме бодот, ако сакаме да освојуваме бодови против вакви репрезентации, мора да играме како што игравме вечерва, – изјавил Андерсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни