Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија го надигра Вардар и максимално профитираше од киксовите на Шкупи и Струга

Објавено

на

Foto:facebook.com/fcshkendija

Вардар го дочека дербито против Шкендија во многу подобра атмосфера по двете одлични претстави против Гостивар и Брегалница, но сепак избраниците на Горазд Михајлов денеска се соочија со реалноста, а тоа е дека не можат да се надигруваат со тетовските „црвено-црни“ во овој момент.

Шкендија покажа дека е за барем едно ниво подобар тим во овој момент и успеа да слави на домашен терен со уверливи 3:0, а ако се земе во предвид дека во прилог и одеа и останатите два резултати на ривалите за титулата, тогаш слободно може да се каже дека ова коло беше перфектно за тетовчани.

Тотре не успеа да го отвори резултатот од белата точка по 23 минути игра во Тетово, но затоа два гола постигна Чинари до крајот на првиот дел и на пауза се замина со резултат 2:0.

На стартот на второто полувреме Дита ја потврди победата со третиот гол во мрежата на Гачевски, па тука стана јасно дека Вардар нема што да бара на денешното гостување.

За да биде уште полошо, Брдаровски доби црвен картон до крајот на мечот, па сега нема да може да им помогне на своите натпревари на следниот натпревар против Работнички.

Со овој расплет, шампионската трка во Првата македонска фудбалска лига добива нов чин, бидејќи Шкендија и дефинитивно е третиот тим кој се вклучува во сериозната битка.

Шкупи денеска киксираше на домашен терен и одигра само 0:0 против Тиквеш, а истиот резултат беше и на натпреварот Силекс-Струга. Шкупи во моменов е на првото место со 42 освоени бода, додека Струга и Шкендија сега се на делба на втората позиција со еден бод помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни