Поврзете се со нас

АТП

Шелтон му возврати на Ѓоковиќ: Додека растев како дете, научив една работа

Објавено

на

Foto:twitter.com/usopen

Бен Шелтон брзо го заврши своето прво полуфинале во кариерата и после три сета мораше да му подаде рака на Новак Ѓоковиќ, но нивниот поздрав на мрежата беше навистина ладен.

Двајцата не си разменија ниту еден збор пред да ги завртат главите и да се поздрават со судијата, а причина за тоа беше провокативната прослава на Србинот откако го освои последниот поен.

Ѓоковиќ ја ископира прославата на младиот Бен и „му спушти слушалка“, јасно гестикулирајќи дека завршило неговото патување на тенискиот грен слем во Њујорк.

Ноле на прес-конференцијата призна дека намерно го направил тоа и му ја украл прославата бидејќи му се допаѓа истата, но со став на оваа тема излезе и 20-годишниот Шелтон.

– Кога ќе остварите победа на еден меч, заслужувате да направите се што ќе посакате. Додека растев како дете, сфатив дека копирањето и имитирањето е најискрена форма на ласкање. Ова е се што имам да кажам на оваа тема, – возврати Шелтон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни