Поврзете се со нас

АТП

Шанса за нов голем трофеј: Ѓоковиќ го збриша младиот Шелтон за ново финале на Ју-Ес Опен

Објавено

на

Вториот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на последниот грен слем за оваа календарска година Ју-Ес Опен.

Ѓоковиќ за ривал на спротивната страна го имале младиот и талентиран Бен Шелтон за кого ова е нова димензија, достигнување во кариерата, поточно ќе треба да научи од искуство за да може да напредува и бележи добри резултати во иднина.

Србинот славеше со 3-0 во сетови со 6-3, 6-2 и 7-6 по нешто повеќе од два ипол часа игра на „Артур Еш“.

Новак за кого ова беше 47 грен слем полуфинале рутински ги реши првите два сета, а пак во третиот младиот Американец се враќаше во игра, максимално се бореше и се се решавеше во тај-брејк кој заврши со 7-4.

Инаку ова за Ноле беше 100 меч во Њујорк, 87 победа со која обезбеди 10 финале на овој терен, финале во кое ќе игра со подобриот од Карлос Алкарас и Данил Медведев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни