Поврзете се со нас

Светски првенства

Селекторот Симовски го скрати списокот за клучниот двомеч со Романија

Објавено

на

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го скрати списокот на повикани ракометарки во пресрет на бараж двомечот со репрезентацијата на Романија.

Селекцијата на Македонија стигна на чекор до пласман на Светското првенство, за прв пат по подолг период во женскиот ракомет во нашата земја.

Симовски за двомечот кој ќе се игра овој месец повика 20 ракометарки од кои дури 13 се интернационалки и играат во странски клубови.

Првиот натпревар ракометарките ќе го играат во Букурешт на 17 април, додека реванш средбата е четири дена подоцна и ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни