Поврзете се со нас

Англија

Саудиска Арабија виа Њукасл: Наполи добил жешка понуда за Кварацхелија

Објавено

на

Клубовите од Саудиска Арабија се обидуваат да доведат што повеќе фудбалски ѕвезди благодарение на финансиските услови кои ги нудат, но фондовите на оваа земја инвестираат и во европските клубови чии сопственици се.

Еден од нив е Њукасл, премиерлигашот кој добил поддршка од својот главен спонзор, фондот „ПИФ“ од Саудиска Арабија во обидот да го доведе Квича Кварацхелија од Наполи.

Големата грузиска ѕвезда се претвори во еден од најдобрите фудбалери во Серија А и еден од најзаслужните што титулата по долго време се врати во Неапол, но сега му носи и скокотливи понуди на газда Де Лаурентис.

Наполи добил понуда тешка 95 милиони евра за Кварацхелија и останува да се види дали претседателот на клубот ќе ја одбие или ќе влезе во преговори со Њукасл.

Премиерлигашот веќе потроши сериозна сума пари за Сандро Тонали, но не планира да штеди и на Грузиецот, а амбициите на Наполи за новата сезона сериозно ќе зависат од одлуката за евентуалната продажба на Квича, посебно што дефанзивецот Ким е пред трансфер во Баерн Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни