Поврзете се со нас

Англија

Салах со анализа за Ливерпул: Ситуацијата е тешка, но имаме…

Објавено

на

Ливерпул важи за еден од најдобрите светски клубови во изминативе неколку години, но во оваа сезона „црвените“ се соочуваат со доста проблеми како со играта, резултатите така и со повредени играчи кои влијаат во оваа ситуација.

Избраниците на Клоп не блескаат и останува да се види дали во наредните месеци ќе успеат да реализираат барем дел од зацртаните цели. Мохамед Салах е еден од најискусните играчи на премиерлигашот, човек кој и во оваа кампања е прв стрелец со 17 голови, па според него оваа група може да се издигне, да ги надмине тешките моменти и донесе нова енергија, позитивни резултати, успеси во продолжението.

-Како што реков претходно, имаме навистина добра група. Сум бил во три или четири тима – знам што е разликата помеѓу овде и останатите тимови. Имаме неверојатна група. Секогаш се трудиме да им помогнеме на младите играчи, а искусните секогаш се трудат да останат смирени во ситуацијата и само да ги советуваат младите [играчите] да останат смирени. Тешко е, ова е тешка ситуација, но мислам дека ќе поминеме низ тоа и ќе се подобриме, -порача Мо за клупскиот сајт.

Англискиот вицешампион има десет бода помалку од четвртопласираниот Њукасл во ПЛ, доживеа елиминација во Лига Купот, а продолжува активно да учествува во ФА Купот и ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни