Поврзете се со нас

Англија

Руни со искрен и пријателски совет до Кристијано: Менаџерот се одлучи за друг пат

Објавено

на

Кристијано Роналдо има очаен старт на новата натпреварувачка сезона откако не му се исполни желбата да си замине од Манчестер Јунајтед, па така се претвори во резерва во тимот на Ерик Тен Хаг и воглавно добива шанси само во Лига Европа.

Португалецот не брилјираше на последниот меч против Омонија и промаши еден зицер за да стави крај на лошиот период, а претходно не доби ниту една минута во големото дерби против Манчестер Сити, кое инаку се претвори во дебакл за „ѓаволите“ кои загубија со 6:3.

Во меѓувреме, се појави вест дека Роналдо е максимално разочаран од тактичките замисли на тврдоглавиот Тен Хаг и воопшто не му се допаѓа неговиот концепт, па Руни во улога на негов пријател и поранешен соиграч реши да му испрати искрен совет.

– Менаџерот очигледно фати поинаков пат од тоа што Роналдо посакува и со исклучок на мечот со Сити, тој концепт беше успешен. Кристијано и Меси се едни од најдобрите играчи во историјата, но времето ги стигнува сите, па дури и нив.

– Очигледно е дека Роналдо не е играчот кој беше на 22 или 23 години. Знам дека е тешко за него. Добро го познавам и тешко е за него да седи на клупата. Сепак, ако биде трпелив, неговата шанса ќе дојде и тогаш ќе остане на него да се избори за своето место во тимот. Треба да има трпение во моментов и да ја чека својата шанса, а потоа да ја искористи, – вели Руни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни