Поврзете се со нас

Свет

Роналдо постигна гол, Ал Наср им се врати на победите (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Ал Наср обично не знае за пораз кога Кристијано Роналдо постигнува гол, а така беше и вечерва на дуелот против Ал Раед во домашното првенство во Саудиска Арабија.

По двата болни порази во низа (еден во домашното првенство и еден во Кингс Купот), Ал Наср им се врати на обврските во најсилната конкуренција, а работите беа далеку полесни по голот во 4-та минута.

Роналдо се најде на вистинско место во вистинско време по додавањето од Ал Ганам и лесно погоди со глава за 1:0, резултат кој беше активен на паузата меѓу двете полувремиња.

Ал Наср беше далеку поефикасен во вториот дел во кој постигна три гола, но ниту еден не беше дело на најголемата фудбалска ѕвезда во Саудиска Арабија.

Роналдо не се запиша во листата на стрелците по вторпат, но затоа погодоци постигнаа Гареб, Маран и Ал Сулеихим за конечни 4:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни