Поврзете се со нас

Свет

Ристовски и Спартак Трнава го одбранија трофејот во Купот на Словачка (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/SpartakTrnava

Спартак Трнава на нашиот репрезентативец, Милан Ристовски втора година по ред успеа да го освои трофејот во Купот на Словачка.

Во завршниот меч, големото финале Милан и неговите колеги беа подобри од актуелниот лидер во домашниот шампионат Слован Братислава со 3-1. Грин во 57 минута донесе предност за Слован, но Трнава не се предаде, беше упорна и во 85 минута го израмни резултатот преку Таиво и на тој начин избори продолженија на натпреварот.

Во ова екстра време 2х15 минути подобро се снајде Трнава која даде уште два гола и со тоа дојде до пехарот во ова натпреварување, а со тоа и загарантиран настап во европските купови во следната кампања.

Ристовски не беше стартер, настапи од 72 минута кога го замени Коса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни