Поврзете се со нас

Европски првенства

Рио Фердинанд за иднината на Ериксен: Каков фудбал, треба да мисли само на здравјето

Објавено

на

Рио Фердинанд е дел од стручниот тим на „Би-Би-Си“ кој ги коментира и анализира случувањата на Европското првенство, а во комуникацијата со фановите зборувал и на темата Кристијан Ериксен.

Поранешниот англиски репрезентативец вели дека во такви моменти човек сфаќа колку е вреден животот и му порача на Данецот да се концентрира на своето здравје.

– Да бидам искрен, не очекувам веќе да игра фудбал.

– Ако бев на негово место, не би размислувал за тоа, би сакал само да бидам здрав и да уживам со фамилијата.

– Она што се случи во Копенхаген те тера да размислуваш за животот и за тоа колку не цениме некои работи. Сите бевме среќни и возбудени поради почетокот на Европското првенство, но вакви работи те спуштаат на земја, – вели Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни