Поврзете се со нас

Македонија

РФМ побара итна средба со АМС откако пристигнале 18 приговори за ваучерите

Објавено

на

Ракометната Федерација на Македонија ова утро информираше дека добила 18 приговори од различни клубови за распределбата на ваучерите од страна на АМС, поради што врвот на Федерацијата побара средба со одговорните луѓе кои ја направија финансиската проекција за 2022-ра година.

РФМ информира дека приговорите се темелат на намалени финансиски средства во споредна со минатите години, а бидејќи станува збор за сериозен минус, одредени клубови се плажат за нивната егзистенција.

– Почитувани,Ве информираме дека до канцеларијата на Ракометна Федерација на Македонија пристигнаа приговори по основ на распределбата на средствата од страна на Агенцијата за млади и спорт за мерката користење на финансиски средства по основ на даночно ослободување/ваучер.
Приговори се стигнати од следните ракометни клубови/колективи :
– ГРК Борец
– РК Астибо
– РК Шампион
– ЖРК Гевегелија
– РК Партизан Спорт 2016
– РК Феникс АМС
– РК Јуниор Кисела Вода 2020
– РК Кузман Вардар Илинден
– РК Аеродром
– РК Текстилец
– РК Вардар Неготино
– РК Младост 1977
– МРК Куманово
– ЖРК Овче Поле СУ
– РК Кичево 2020
– РК Спартак
– РК Јехона
– РК Работнички

Приговорите се темелат дека финансиските средства се намалени во однос на минатите години или не се земени во предвид одредени бодувања согласно критериум пополнет образец, со што се доведува во прашање функционалноста на одредени спортски колективи.

Ве молам да ни дадете одговор врска горенаведеното и да организираме работна средба каде ќе бидат присутни и претставници на ракометните клубови со цел да се надмине состојбата.

Дополнително, Ви доставуваме споредбена анализа на доделени средства од страна на Агенцијата за млади и спорт за 2020, 2021 и 2022 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни