Поврзете се со нас

Свет

Репрезентативката е во одлична форма пред ЕП: Ристовска блескаше во дресот на ЦСКА Москва

Објавено

на

Сара Ристовска треба да биде едно од нашите најсилни оружја на престојното Европско првенство, а тоа што радува е нејзината одлична форма која ја потврди и денеска во дресот на ЦСКА Москва во рускиот шампионат.

Македонското крило блескаше и даде осум гола со што беше втор стрелец зад Кулак со десет погодоци. ЦСКА како домаќин го растури Ставропол 41-24 и сега има перфектни осум од осум со што е на првото место на табелата.

Ристовска и колешките во следната рунда ќе се соочат со Ижевск.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни