Поврзете се со нас

Шпанија

Реал соопшти официјална вест за „староседелецот“ во првиот тим (Фото)

Објавено

на

Фото: twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид стави крај на летниот преоден рок кога се трансферите во прашање и тоа го потврди самиот Флорентино Перез на вчерашната промоција на Хоселу, но тоа не значи и крај на сите важни операции кои треба да ги заврши клубот.

„Кралевите“ прецизираат неколку детали со фудбалери од првиот тим кои се уште немаат потпишано нов договор, а Тони Крос е прв од листата кој и дефинитивно останува барем уште една сезона.

Реал Мадрид не успеа да се договори со Марко Асенсио за нов договор и шпанскиот репрезентативец си замина како слободен агент, но такво нешто не дозволи за Крос, а претпоставките се дека неговиот чекор ќе го следат и Дани Себалјос и Лука Модриќ.

– Реал Мадрид и Тони Крос се договорија да го продолжат договорот на играчот, кој останува врзан со клубот до 30 јуни 2024 година. Тони Крос пристигна во Реал Мадрид во 2014 година и веќе стана Германецот кој запишал најмногу настапи за нашиот клуб (417).

– Во неговите девет сезони како играч на Реал Мадрид, тој има освоено 20 титули: 4 Лига на шампиони, 5 Светски клупски првенства, 4 Суперкупа на Европа, 3 Лиги, 1 Копа дел Реј и 3 шпански Суперкупа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни