Поврзете се со нас

Светски првенства

Ракитиќ: Остарев пет години за време на дуелот со Белгија

Објавено

на

Хрватска се подготвува за осминафиналниот дуел со Јапонија, а Иван Ракитиќ и натаму ги коментира случувањата на мундијалот и последниот дуел со Белгија.

Во изјава за „Индекс“, Ракитиќ уште еднаш се навратил на тој дуел, но и го најавил незгодниот противник во нокаут фазата.

– Остарев пет години гледајќи го натпреварот со Белгија.

– Многу е потешко да гледаш отколку да играш, бев многу нервозен. Долго бев во националниот тим, се уште контактирам со многу нејзини членови и посакувам да стигнат до самиот крај на првенството, – рекол Ракитиќ.

Тој смета дека Јапонија со своите настапи заслужила да се најде во оваа фаза.

– Сите беа изненадени што Јапонците ја освоија групата, а Германија е елиминирана. Но, кога ги гледате како играат, сфаќате што се случило, располагаат со многу квалитети, – изјавил поранешниот репрезентативец на Хрватска.

Ракитиќ дрско го славеше осминафиналето: Одиме Лукаку……. (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни