Поврзете се со нас

АТП

Провокативна прослава за крај: Ѓоковиќ „му спушти слушалка“ на Шелтон и доби свирежи во Њујорк (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/usopen

Новак Ѓоковиќ играше против Бен Шелтон и против најголем дел од гледалиштетот на „Артур Еш“ стадионот во Њујорк, па во моменти на тензија во завршниот сет кој беше и најизрамнет, српскиот тенисер не остана должен и знаеше како со гестикулации да им одговара на фановите, но и на ривалот.

Ноле лесно ги доби првите два сета со 6:3 и 6:2, додека во третиот конечно доби сериозен испит достоен за полуфинале и ја решаваше работата во тајбрејкот.

Шелтон доби „крилја“ од поддршката од навивачите во последниот период и се врати од брејк негатива, но сепак немаше сили да намали на 2:1 и покрај тоа што имаше сет топка.

Младиот 20-годишен Американец го заврши своето незаборавно патување на Ју-Ес Опен без освоен сет против Ѓоковиќ, но мораше да гледа како противникот му испраќа и провокативна порака.

Ѓоковиќ ја ископира препознатливата прослава на Шелтон од претходните рунди и „му спушти слушалка“ на Американецот, а со својот потег изнуди и свирежи од гледалиштето.

Поради ова, поздравот меѓу двајцата тенисери беше исклучително ладен и не си разменија ниту еден збор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни