Поврзете се со нас

АБА лига

Продолжува борбата за опстанок: МЗТ забележа важна победа над ФМП во АБА лигата

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје издвојуваа важен триумф над ФМП од 87-82 во дуелот од 20. коло во АБА лигата.

Ова за металците беше значаен меч на кој успеаа да слават и со тоа да испратат јасна порака дека докрај ќе се борат за опстанок во оваа најсилна регионална конкуренција. Средбата во „Јане Сандански“ донесе изедначено прво полувреме (35-38), а потоа и одлична трета четвртина за избраниците на Николиќ (30-18) кои го преземаа водството и потоа истото не го испуштија до самиот крај.

За македонскиот првак ова е четврто славје во АБА лигата, лидер беше Кефи со 26 поени, Вер уфрли 13, додека Крстевски 10 кошеви.

Изунду со 18 и Менинг со 17 кошеви беше најпрецизни кај поразените. МЗТ во наредното коло и гостува на МЕГА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни