Поврзете се со нас

АТП

Проблеми за Шпанецот: Надал го откажа настапот на Мастерсот во Торонто

Објавено

на

Шпанскиот ас, Рафаел Надал нема да игра на АТП Мастерсот во Торонто.

Поранешниот светски рекет број еден одлучи да се повлече од турнирот поради повредата на левата нога, повреда која подолго време го мачи и поради која не може да го даде максимумот и тоа се виде во Вашингтон каде загуби во вториот меч од Херис.

-Навистина сакав да играм тука, но за жал морав да ја донесам оваа одлука. Имав проблеми во последните неколку месеци, тоа сите го знаат. Отсуството од овој турнир не е најсјајно за мене мене, по сите успеси што ги имав во Канада. Беше тешка одлука, но така е како што е,- рече 35-годишниот Рафа кој во минатото петпати триумфираше на Роџерс Купот.

Местото на Надал во главната ждрепка ќе го заземе Фелисијано Лопез кој ќе се соочи со Лојд Херис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни