Поврзете се со нас

НБА

Признанија: Фантастичните Џејмс и Мичел се играчи на неделата во НБА лигата (ФОТО)

Објавено

на

Ѕвездите на Лос Анџелес Лејкерс и Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс и Донован Мичел го понесоа признанието играчи на неделата во НБА лигата.

Леброн иако е се поблиску до 40 година во животот игра неверојатно, па на почетокот на оваа година бележи по 35 поени, 8,7 скокови и 7,7 скокови, па тоа му донесе да биде играч на седмицата во западната конференција.

Лејкерс не е иста екипа без крајот и тоа се виде минатава ноќ каде „езерџиите“ рутински загубија од Денвер Нагетс.

На Истокот пак Мичел „газеше“ во дресот на Кливленд, имаше епска партија од 71 поен, го предводеше неговиот тим до учинок 3-1 во овој период и поради тоа ја „грабна“ оваа награда.

Популарниот пајак имаше бројки од 37,7 поени, 7,3 асистенции и 5,3 скокови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни